180.000 македонски граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден?

by Фокус 15:39
15:39

tevdovskiВо Македонија 180.000 лица живеат со помалку од 40 денари на ден, ова е последниот податок од Светската банка за тоа како живеат луѓето во Македонија, изјави денеска Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на најголемата опозициска партија.

– Според Светската банка, во 2010 година (ова е последна година за која има податок), 9,1% од луѓето во земјава живеат со помалку од 2 долари од 2005 година на ден. Овие 2 долари од 2005 година се еднакви на околу 40 денари. Четири години потоа, состојбата е влошена, бидејки сите економски параметри одат надолу. За споредба со Македонија, втората држава со највисока сиромаштија во Европа, Молдавија, има двојно пониска стапка на сиромаштија, околу 4.4 отсто. Стапката на сиромаштија во земјава е на ниво на некои држави од Латинска Америка, како Бразил и Еквадор, кај коишто оваа стапка изнесува околу 10.5% од населението. Уште позагриживачки од висината на сиромаштијата во земјава, е фактот што таа интензивно расте! Ако за период од 4 години, од 2006 година, сиромаштијата во Молдавија, Бразил и Еквадор се намалила, во Македонија ситуацијата е обратна – смета Тевдовски.

Во 2006 година, кога ВМРО – ДПМНЕ доаѓа на власт, стапката на сиромаштија во Македонија изнесувала 4.6 отсто од населението, вели Тевдовски и додава дека власта на Груевски, со нивните катастрофални економски политики, за само 4 години го дуплира бројот на сиромашно население во земјава!

- Advertising -

– СДСМ ќе воведе Програма за минимален приход во земјава. Граѓанскиот сектор за ова посебно се заложува последниве години. Социјалните трансфери не помагаат во надминување на сиромаштија кај оние кои ги користат. Овие луѓе едвај преживуваат. На пример, социјалната парична помош за самец изнесува 2.451 денар во првите три години од користење на правото, што не е ниту половина од линијата на сиромаштија. Слична е состојбата и со постојаната парична помош. Програмата за минимален приход ќе постави граница под којашто нема да одат приходите за социјалните категории. Според нашите проценки за оваа Програма ќе треба да се наменат 38 милиони евра, ако таа започне во 2015 година. Средствата ќе се обезбедат со редиструбуција на парите, исклучиво според потребите на граѓаните – информираше претседателот на Комисијата за економија на најголемата опозициска партија.

Поврзани новости