Македонска радио-телевизија за „Хихирику“: Цензурата не е карактеристични за оваа генерација во МРТ

by Фокус

Во медиумите се појави информациja за божемното симнување од програмата на МТВ на „Хихирику“ и нејзиното згаснување по 35 години емитување. Со жалење констатираме дека информацијата е само обид да се замагли вистината и да ѝ се даде поинаква конотација, реагира денеска Македонската радио-телевизија.

Колумнистот на „Утрински весник“ Ерол Ризаов вчера на скопската трибина на  СЕЕМО (Југоисточна медиумска организација) рече дека пред 20 дена од радио-програмата на националниот јавен сервис е симната хумористичната серија „Хихирику“.

– „Хихирику“ ниту е симната од програма, ниту цензурирана. Времињата на цензура се одамна поминати и не се карактеристични за оваа генерација во МРТ. Можеби авторот на оваа глупост зборува за времето кога тој бил долги години уредник. Единствената вистина во овој случај е дека МРТ поради спроведување на постапка за јавни набавки за избор на агенција за исплата на авторски хонорари има задоцнето во исплата на хонорарите. Ова не е само за авторите и за изведувачите на овој проект, туку за сите автори и изведувачи – ангажирани на сите проекти во МРТ. „Хихирику“ продолжува со својата благородна мисија – да насмејува, да критикува и да сатиризира. Искрено жалиме за недоразбирањата во јавноста и за инволвирањето на прекрасната екипа на „Хихирику“ во целиот овој случај. МРТ не се откажува така лесно од своите брендови, бидејки тие се создаваат толку долго и макотрпно и претставуваат вистинско богатство за овој народ – се вели во соопштението на јавниот дифузер.

Поврзани новости