Тодоров: Гаранциите се резултат на политичкиот отпор на ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Никола Тодоров од опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека политичкиот отпор на нивната партија и 80 дневните најдолги и најмасовни протести на стотици илјади граѓани низ целата држава резултираа со неопходните гаранции дека нема да се наруши унитарниот карактер на мултиетничка Македонија.

– Претседателот Ѓорге Иванов кој со „својот принципиелен став не отстапи и се бореше да обезбеди сигурност дека иднината на земјата нема да се крои врз основа на туѓи декларации или платформи. Од денес натаму СДС и Зоран Заев ја имаат целата одговорност. Тие го контролираат парламентарното мнозинство и од нив зависи формирањето на идната Влада – истакна Тодоров.

Според него, Заев е првиот мандатар кој потпишува гаранции дека нема да ги наруши највисоките државни и национални интереси.

– Тоа не било побарано ниту од Бранко Црвенковски, ниту од Хари Костов, ниту од Владо Бучковски. Тоа доволно говори за сериозноста на информациите кои предупредуваа на ризикот со кој се соочува Македонија – рече Тодоров.

 

Поврзани новости