887
Исчезнувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше лошо и за него и за државата, смета поранешниот вицепремиер и министер за здравство Никола Тодоров. Според него, лоша е и изјавата на премиерот Зоран Заев дека институциите го принудиле Мијалков самиот да се пријави.
-Ова е шанса за Заев ако сака да покаже дека има навистина силја волја за темелна, длабока и правилна реформа. Не секогаш е значајно да има кривична одговорност, некогаш мора да има и морална одговорност. Мора да се лоцираат слабите точки каде системот затаил – рече Тодоров на Телма.