Мијалков е спроведен во куќен притвор

by Фокус 21:06
21:06

По три часа откако се пријави во Обвинителството за организиран криминал, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков вечерва е спроведен во куќен притвор како мерка што му ја одреди Основниот кривичен суд – Скопје. Претходно, обвинителите ја повлекоа жалбата наместо куќен, тој да добие затворски притвор.

Попладнево Мијалков се појави пред обвинителството. Во изјава за телевизија 24 вести тој рече дека не побегнал туку дека бил болен и имал висока температура. Мијалков им се извини на јавноста и на институциите и повтори дека нема да бега бидејќи не се чувствува виновен за делото за кое е обвинет во предметот „Таргет-тврдина“.

- Advertisements -

Обвинителката Вилма Русковска вечерва објасни дека тој преку други луѓе пратил порака дека сака да се пријави, но само во ОЈО.

Поврзани новости