АстраЗенека ги намалува испораките на вакцини

by Фокус

Компанијата АстраЗенека ја известила Европската унија дека ќе достави помалку од 90 милиони дози од вакцината против коронавирус на Унијата во вториот квартал.

Според дипломатот од ЕУ, кој директно учествувал во преговорите со британско-шведскиот производител на лекови, тоа значи дека АстраЗенека ќе испорача помалку од половина од бројот на договорени вакцини на ЕУ во вториот квартал.

Според договорот на АстраЗенека со ЕУ, кој протече во јавност минатата недела, компанијата се обврзала да испорача 180 милиони дози на Унијата во вториот квартал.

Доколку се намалат дозите на вакцините, тоа може да влијае на способноста на ЕУ да ја постигне целта за вакцинирање на 70 проценти од возрасните до лето.

Поврзани новости