Тодоров: Ако се врши политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, тогаш рејтингот на партијата ќе растеше

by fokus

Никола Тодоров во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека ако се вршел политички прогон како што тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тогаш рејтингот на партијата би требало да расте.

-Ако се врши политички прогон врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека тогаш СДСМ треба да губи од рејтингот, а рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ да расте. Бидејќи тоа е нешто лошо. Штом се врши политички прогон, апсења, тогаш граѓаните ќе си речат ајде да го поддржиме ВМРО-ДПМНЕ за да го сопреме тоа. Но, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ не расте, значи се случува нешто сосема спротивно, рече Тодоров.

Поврзани новости