Извршители влегле и во Бетон Штип

by fokus

Извршители влегоа во Бетон Штип, една од компаниите опфатена во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, дознава Телевизија 24. Извршувањето е по налог на една голема домашна банка засега за долг од околу 1 милион евра, за кој ТВ 24 има потврда. Се уште не се знае во која насока ќе оди извршувањето, и дали е можно банките да го конфискуваат и имотот на компанијата. Директорот на Бетон Штип Ванче Мијалчев, кој не е во земјава за ТВ 24 потврди дека е можно да е почната постапката за извршување за сума од 1 милион евра, но не знае што ќе се случува понатаму

„Изложеноста на компанијата кон две домашни банки, кон Комерцијална е на 5 милиони евра и НЛБ на 1,5 милион евра или вкупно околу 6,5 милиони евра. Тешкотии во работењето имавме изминатите две години. До сега редовно ги сервисиравме обврските, а финансиката кондиција ќе зависи од тоа дали ќе си ги наплатиме парите од проектите на кои работевме“ – изјави Ванче Мијалчев” , извршен директор на Бетон Штип.

Според официјалните податоци кои ги доби ТВ 24 од Централниот регистар вкупните обврски кон доверители на Бетон Штип во завршната сметка за лани изнесуваат 14,6 милиони евра. Оценката за Бетон Штип од македонски бонитетни компании е Ф што значи високоризична за понатамошно кредитно изложување и можност за наплата.

Според базата на податоци пак на Призма, Бетон Штип работеше на 7 објекти од Скопје 2014 и тоа на зградите на Финки, Мепсо, Уставен суд, Факултетот за физичка култура, Музејот на ВМРО, Стариот театар и партерното уредување кај МНР во вкупна вредност од 55 милиони евра.

Поврзани новости