Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес денеска соопшти дека поднел иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на легитимноста на новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери.
-Денес поднесов иницијатива до Уставниот суд и сметам дека сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за поништување на одлуката за избор на претседател на Собранието, Талат Џафери нема никаков легитимитет лажно да се претставува како претседател на Собранието бидејќи неговиот, јас не велам избор, прокламација на неопределен број пратеници е извршен во спротивност со Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието, изјави Петров за ТВ Нова.
Тој додава дека се прекршени голем број на одредби од Уставот, законите и Деловникот на Собранието за што може да се покрене и кривична одговорност.