ТМРО: Македонците ќе бидат единствениот народ што си направил генетски масакр

by fokus

За ТМРО јавно да се манипулира во 21 век и да се прават лажни спинови со кои упорно се лаже и прави малоумен цел еден народ, да се кажува во јавност преку медиум само мал дел од договорот со Грција е понижување со смислен чин на јавна манипулација.

Договореното име не е Северна Македонија, како што се сака да се прикаже,туку во буквален англиски превод Република Север од Македонија, што е небулозно.

Откажувањето од античкото наследство е откажување од генетскиот код на Македонците,од нашето културно и историско наследство, прифаќањето на најопасниот историски фалсификат за Словени дојдени од Карпати е прифаќање дека Македонците не се домороден народ на овие простори, што всушност го признава правото на Грците но и Гегите за домородно население. Тоа е главната причина што и Албанските партии се едногласни во прифаќањето на овој договор со кој историски ќе добијат легитимитет на просторот, а Македонците ќе бидат единствениот народ во свет што се самопоништил и самиот си направил генетски масакр“, вели претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.

Поврзани новости