Тлото не мирува: Уште еден силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

by fokus

Повторно силен земјотрес овојпат со интензитет од 6,2 по Рихтер го погоди индонезискиот остров Ломбок.

Земјотресот бил на длабочина од 12 км и епицентар во североисточниот дел од островот. Тоа е трет силен потрес во Ломбок за нешто повеќе од една недела.

Во претходниот потрес загинаа најмалку 130 луѓе, десетици илјади се без покрив.

Поврзани новости