466
Фински експерти за инсекти соопштија дека невообичаеното топло лето во таа нордиска држава зело данок врз популацијата комарци кои во некои области целосно исчезнале особено во Лапонија, на север во државата.
Јука Салмела од Покраинскиот музеј во Лапонија изјави за локални медиуми дека топлотниот бран исушил типични места каде живеат комарци како плитки езера и други важни подрачја, и дека ги има многу помалку отколку во изминатите години.
Финска бележи едно од најтоплите и најсушни лета, а тимпературите во некои области достигнаа до 33 степени Целзиусови. Високи температури се регистрирани и во области над Арктичкиот круг, каде се наоѓа третина од површината на Финска. Во Финска се регистрирани околу 40 водови комарци.