Тито Петковски денеска повторно е избран за претседател на Новата социјалдемократска партија (НСДП).
На четвртиот редовен партиски конгрес, покрај претседател на партијата беа избрани и членови на Централниот и на Надзорниот одбор, а беше усвоена и Програмска платформа за делувањето на НСДП.
Петковски во воведното обраќање рече дека е политичко самоубиство настап на избори надвор од двата најголеми политички блока, во услови кога мандатите се распределуваат според Донтовиот модел.
– Оптимизмот го гледам во евентуалните измени на изборното законодавство, кое веќе е најавено, во насока на една изборна единица, отворени листи, како и низок праг за влез во Собранието, рече Петковски кој е единствен кандидат за претседател на НСДП и се очекува да биде реизбран.