И сопругата на Урко дел од федерацијата во Кик бокс, замина со него во Мексико заедно со уште тројца кик боксери

by Fokus
Дејан Митровски – Урко, претседател на Македонската федерација во Кик бокс и член на бордот на Светската Кик бокс федерација замина во Мексико, заедно со уште двајца членови на делегацијата и со тројца кик боксери, кои ќе ја претстават земјава на Светското првенство.

Покрај Митровски, во Мексико биле и генералниот секретар и тренер Драган Ататнасовски и техничкиот секретар на КБФМ, Ирена Митровска, која е негова сопруга.

Наши натпреварувачи кои ќе ја претстават Македонија во Канкун се Димитар Ѓорѓиев, Хадис Рамадани и Бобан Илиоски. Околу тоа што и неговата сопруга е дел од делегацијата во Мексико, Урко вели дека таа доброволно, со цел да помогне, ја извршува функцијата на технички секретар.

-Без никаков надоместок ги извршуваме сите обврски и даваме се од себе да ја кренеме федерацијата. Ирена доборволно ни помага – вели тој.

-Членови на КБФМ заедно тројцата одбрани најискуни натпреварувачи учествуваме на Светското првенство во Мау Таи, кое кое во моментот се одржува во Канкун, Мексико, од 10 – ти до 20 – ти мај. Мау Таи е како дисциплина застапена во КБФМ и од изминатото одржано изборно државно првенство во Мау Таи под организација на Кик боксинг федерацијата на Македонија, кое се одржа на 10 – ти март оваа година, селекторот ја состави репрезентацијата од најискусните одбрани борци на кои ова првенство им е предизвик, и кои со овој настап на ова високо рангирано светско првенство ќе ја покажат својата работа и подготвеност за овој стил на борба. Мерењата и ждребовите со свеченото отварање вчера веќе поминаа, од денес почнуваат борбите . Прв настапува денес Хадис Рамадани, 21, борба против Џонатан Семинарио од Перу . Останатите настапуваат од утре па натаму – не информираше Митровски.

Тој додава дека биле остварени средби со претседателот на интернационалната Мау Таи федерација, Др. Сакчи Тапсуан како и со нејзиниот генерален секретар Стефан Фоџ за понатамошна идна соработка и формалности и стратегии околу усовршување на македонските борци за овој стил на борба.

Кога лани во септември Митровски беше избран за за член на Бордот на Светската Кик бокс- федерација, тој за ,,Фокус’’ изјави дека со засилено темпо му се враќа на спортот. Во минатото, тој речиси десет години му беше шеф на обезбедувањето на Груевски, а својата кариера како обезбедување на екс премиерот ја заврши во 2014 година.

Вики Клинчарова

Поврзани новости