957
Црквата во моментов располага со одредени финансиски средства и сметавме дека е добро тие да не седат така туку да се вложат во нешто, за да се оствари добивка – вака владиката Тимотеј за Слободен печат одговара на прашањето околу влезот на МПЦ-ОА во бизнис со мали хидроцентрали.
-Зошто контроверзен? Ако овие проекти се одобрени од државата, Црквата нема причина да ги гледа како проблематични – вели Тимотеј.
Инаку, пред неколку дена медиумите објавија информација дека МПЦ се јавува како содружник во фирма за производство на електрична енергија ХЕЦ Драгов Дол, заедно со други субјекти.