Тимот од детската хирургија кај Жан Митрев пред оставка

by fokus

Тимот од десет луѓе на чело со доктор Владимир Чадиковски, кои во февруари годинава го напуштија јавното здравство и почнаа да функционираат како дел од болницата „Жан Митрев“, се спремаат за оставки.

Извори за „А1он“ од болницата велат дека причина за оставките се неисполнетите услови кои се најавувале на почетокот на партнерството меѓу државата и клиниката „Жан Митрев“, а се однесуваат на операции на деца до една година за кои Фондот за здравствено осигурување ги покрива сите трошоци.

Од Министерството за здравство велат дека немаат најави за оставки, но и доколку тоа се случи, пациентите немало да бидат загрозени.

Поврзани новости