458
Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е, изјави денеска во Битола францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
-Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека, рече францускиот амбасадор.
Тој во Битола се обрати на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“ и посочи дека Француската амбасада има тесна соработка со Секретаријатот за европски прашања и оти Франција назначила технички експерт кој работи во рамките на СЕП за да помогне за што поголема искористеност и пристап до ЕУ-фондовите.