Тимоние и Сугаревски направија увид во работата на автопатот Демир Капија-Смоквица

by fokus

Амбасадорот на Република Франција, Кристиан Тимоние, утринава заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, го посетија градилиштето на делницата на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Сугаревски пред новинарите изјави дека квалитетно се изведуваат работите предвидени со овој проект и дека се реализирани веќе 90% од нив. Во однос на обвинувањата за постоење криминал од страна на изведувачот Актор, кој беше доста актуелен изминативе неколку дена, министерот рече дека тоа е работа на институциите.

Оваа автопатска делница е долга околу 28 километри и е еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија. Дел од средствата за изградбата на овој автопат се обезбедени преку ИПА програмата финансирана од Европската унија.

Францускиот амбасадор и министерот Сугарески во просториите на ЕЖИС Интернационал ќе се сретнат со оперативниот директор за Европа и Централна Азија, Давид Пушел и со директорот за развој на бизнисот во регионот на Балканот, Клотилд Арман.

Поврзани новости