Тиквешкиот гроздобер 2025 со нова „Тиквешка трпеза“ и тајна дегустација на вино

by irena 11:00
11:00
фотографијата е креирана со ВИ

Од 5 до 7 септември 2025 година, Кавадарци ќе пулсира во ритамот на традицијата и винската култура преку одржувањето на Тиквешкиот гроздобер – најголемата манифестација посветена на лозарството и виното во земјава.

Тиквешки гроздобер: Од древните лозја до денешната магија на Кавадарци

Годинашната програма носи две нови изненадувања. Првото е „Тиквешка трпеза – Гроздоберска трпеза на улица“, која ќе се одржи на 5 септември на ул. Илинденска. На долгата заедничка трпеза ќе бидат сервирани специјалитети од тиквешки домаќинки и ресторани, со традиционален македонски појадок, музика во живо и народни костими. Градоначалникот Митко Јанчев ќе седне заедно со гостите, дегустирајќи го најдоброто од тиквешката кујна.

Настанот создава платформа за локалните производители и занаетчии да ги презентираат своите производи, што води до зголемена продажба и препознатливост на нивните брендови.

Втората новост е „Кралско вино – тајна дегустација“, во која посетителите ќе тестираат вина во „слепа“ дегустација, а најпрецизните ќе добијат винска колекција.

Програмата го вклучува и традиционалниот турнир во кошарка „Сестри Китеви“, таблијадата, повеќе изложби во Локалниот музеј и Галерија, како и најголемото обележје на фестивалот – Тиквешкиот карневал со над 15 карневалски групи од Федерацијата на европските карневалски градови.

Тука се и изложбата на олдтајмери и јангтајмери, која трета година по ред се организира во соработка со во соработка со најпопуларниот автомобилски јутуб канал во Македонија РПМ со над 100 ретки автомобили, како и вајарската колонија, што ја збогатува културната програма.

Слични вести