Тиквеш Фестивал на младо вино со музички гости и дегустација на вино од последната берба

by Fokus

За време на викендот ќе се одржи 13-то издание на Фестивал на младо вино – Тиквеш, кој традиционално се случува секоја година во третиот викенд од месец ноември. Најавена е богата програма, а посетителите ќе ги забавуваат Калиопи, Васил Хаџиманов со неговиот бенд и Зарина Првасевда.

Ова е прв ваков фестивал во земјава, каде голем број на јавни личности ја имаат можноста да го дегустираат виното од последната берба и секоја година на настанот присуствуваат членови од бизнис секторот, претставници од дипломатскиот кор, новинари, соработници на винаријата „Тиквеш”.

Претседателот на управниот одбор на винаријата „Тиквеш”, Светозар Јаневски, секоја година има поздравно обраќање на фестивалот. Лани, пред присутните кажа дека благодарение на нивните вложувања и инсистирање на почитување на стандардите, успеале да произведат одлични вина, за кои се надева дека ќе им донесат високи оцени и признанија.

На ланскиот фестивал настапија Дани, Мијата, Амира Медуњанин и Нина Бадриќ, а водител беше Сашко Коцев. Присутните имаа можност да донираат парични средства, кои биле наменети за СОС Детско село.

Вики Клинчарова

Поврзани новости