Тевдовски најави формирање на фискален совет од независни експерти

by fokus

Во Министерството за финансии се подготвува нов предлог-закон за буџет со кој ќе се воведуваат промени во среднорочното буџетско планирање. Од овие промени треба да произлезе фискален совет кој ќе биде алатка за контрола на финансискиот систем.

Актуелната власт како опозиција претходно предлагаше формирање на ваков совет, составен од независни експерти, кој ќе има моќ при одлучувањето како се трошат средствата од задолжувањата.

Инаку, Светска банка ќе издвои 350 милиони американски долари за поддршка на проекти за општинска инфраструктура, за патишта, за туризам и социјална заштита за маргинализираните заедници, изјави денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски по состанокот што владините министри го оддржаа со претставници од Светска банка.

На прес-конференцијата не беа дозволени прашања, но по кусо време министерот се премисли и одговараше на новинарски прашања.

 

Поврзани новости