Повеќе од 600.000 евра има земено ИПИС за анкети за јавно мислење за шест години

by Fokus 12:42
12:42

Повеќе од  600.000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење, покажуваат документите што ги поседува БИРН.

Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во корист на поранешната владејачка структура.

Неретко, одреден политички проект на институциите што предизвикувал жестоки реакции во јавноста, во анкетите на ИПИС  бил претставуван како поддржан од мнозинството граѓани. Таков е примерот со проектот „плата по учинок“ во здравството кој предизвика незадоволство и штрајк на лекарите контра Министерството за здравство. Резултатите на анкетата на ИПИС беа користени како аргумент за исправноста на политиката на Министерството кое истовремено ги нарачувало и плаќало услугите на овој Институт.

- Advertising -

Поврзани новости