Тевдовски и Царовска преку видео-порака се пофалија со растот на платите

by Фокус 10:54
10:54

Министрите за финансии и за труд и социјална политика, Драган Тевдовски и Мила Царовска, преку видео-порака истакнаа дека растот на платите е приоритет на актуелната влада.

Притоа, Тевдовски посочи дека просечната нето-плата пораснала за 7,1 отсто во мај во однос на истиот месец претходната година и таа сега изнесува 24.509 денари, што значи дека е повисока за 1.600 денари на годишно ниво.

- Advertisements -

Царовка, пак, истакна дека растот да плати е силен во индустријата за производство на текстил, облека и кожа, бидејќи на годишно ниво има раст од 2.600 денари кај текстилот, од 1.700 денари кај секторот со облека и 1.800 денари кај кожната индустрија.

Поврзани новости