Рибар пронашол мртво тело во водите на Дебарското езеро

by Фокус

Рибар денес рано наутро во водите на Дебарското езеро го пронашол телото на Ј.К. (54) од Дебар, кој бил пријавен за исчезнат на 19 јули.

Како што информираат од полицијата, на местото на настанот бил извршен увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Поврзани новости