Средба во „Хилтон“ без откривање на претседателскиот кандидат, СДСМ сака да чека до недела

by fokus

Партиите кои го поддржуваат концептот за консензуален кандидат ќе се сретнат вечерва во хотел „Хилтон“, каде ќе го утврдат кандидатот за претседател. Неговото име, велат од СДСМ, сепак најверојатно нема да се соопшти денеска. Од партијата сакаат официјално да биде објавено во недела по конгресот, како би се испочитувале делегатите на СДСМ.

-Не можеме кандидатот да го соопштиме пред конгресот. Ахмети минатиот пат лошо се изрази. Вечерва ќе има средба со коалициски партнери кои ќе го поддржат заедничкиот кандидат, а името ќе го објавиме во недела – велат од СДСМ

Во „Хилтон“ вечерва ќе бидат коалициските партнери на СДСМ, Али Ахмети со делегација од ДУИ, а се очекува да присуствува и ДПА на Мендух Тачи, но за тоа нема официјална потврда.

Што се однесува до имињата се уште има само шпекулации, но не и официјална потврда. Најмногу се типува за националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Поврзани новости