Тевдовски даде отчет: Економијата почна да се придвижува

by fokus 13:38
13:38

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска даде за отчет за сработеното во првите сто дена од Владата. Тој рече дека негова цел било да се стави ред во јавните трошење, а реформите во системот на јавни финансии да бидат во насока на најдобрите европски стандарди и практики. Според него, економијата во земјата почнува да се придвижува.

-Во изминатите сто дена се сработени десет големи проекти, рече Тевдовски. Направен е, посочи, ребаланс на Буџетот во кој се скратени непродуктивните трошоци, објавен е граѓански буџет за 2017 година, силно е подигнато нивото на фискална транспрентност, објавени се на транспарентен начин обврските првпат во Македонија на сите буџетски корисници, направена е анализа за распределба на доходи, добро се управува со наследениот јавен долг при што, како што посочи, намален е бројот на аукции на домашниот пазар од три до четири на две месечно со пониски каматни стапки на задолжување од 1,5 до 3,8 проценти, а вратени се кредити со каматни стапки од 6 проценти, рече Тевдовски.

- Advertising -

Тој додаде дека има неселктивен и редовен поврат на ДДВ, изготвено е решение за зголемување на минималната плата на 12 илајди денари, за што е обезбедена буџетска поддршка, финализирана е стратегијата за јавните финансии и зајакната е соработката со релевантните меѓународни финансиски институции.

Поврзани новости