Татко и син починаа од струен удар поради неисправна инсталација во купатило

by fokus

Вчера во 21,00 часот во с.Сушица-Општина Ново Село,  И.П. (54),  додека се туширал во купатилото, од неисправна електричната инсталација добил струен удар и починал на самото место.

Откако тоа го забележал неговиот син М.П.(30), сакајќи да му помогне на својот татко и тој добил струен удар и починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и од ЕВН.

Поврзани новости