Теута Арифи, градоначалничка на Тетово, вели дека за ДУИ е прифатлив секој датум за локални избори што ќе го договорат сите политички партии.
– Ние, како партија, ќе бидеме за датум што ќе го договорат сите партии. Предвид се земени сите месеци, но треба да се земат предвид и летните одмори, празници и слично – пренесува Мета изјава од Арифи.
Градоначалничката на Тетово, Арифи, се надева дека претседателот Иванов ќе покаже одговорност и ќе го даде мандатот за составување нова влада, за да не се комплицираат процесите на централно и на локално ниво.
Теута Аирфи, на последниот ден од својот мандат, присуствуваше на асфалтирање на кружниот тек на улицата Иво Лола Рибар.
– Ние, како Општина, ќе работиме така како што ни налага законот. Работите кои законски не се дозволени нема да ги реализираме и ќе чекаме што побргу да се најде решение. Јас сметам дека е добро парламентот што побргу да се состане и да одреди датум за избори и, исто така, да договори работење и продолжување на процесите – рече Арифи.