Работен состанок на ВМРО за Македонија

by Фокус

Претседателите на ВМРО-Народна партија, Обединети за Македонија и Достоинство, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов, кои на последните парламентарни избори настапија во коалиција наречена ВМРО за Македонија, денес оддржаа состанок во седиштето на ВМРО-НП.

Генералниот секретар на „народњаците“, Љупчо Балковски, за Фокус изјави дека станува збор за работен состанок, на кој било договорено да се интензивираат средбите на ниво на коалицијата.

Тој додава дека ниту размислуваат ниту разговараат за можното учество на оваа коалиција во новата влада на СДСМ, се додека претседателот Ѓорге Иванов не му го додели мандатот на Зоран Заев.

В.С.

Поврзани новости