468
Директорот на средното земјоделско училиште „Моша Пијаде” Александар Бачевски е разрешен од таа функција со решение на градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
Од снимките од безбедносните камери за време на настаните во Собранието на 27 април се гледа како Бачевски учествувал во толпата што ги напаѓаше пратениците, jaви Алсат.
Според градоначалничката Арифи нема дилема дека Александар Бачевски не може повеќе да биде директор на едно училиште со оглед на тоа што учествувал во нередите во законодавниот дом.