Каде во Скопје има зелен рај за урбано, релаксирано и здраво домување?

by fokus

Размислувате каде во главниот град на Македонија, на само три минути возење од строгиот центар, можете да живеете урбано, спокојно и здраво во чиста еколошка средина?

Одлично вклопена во природниот амбиент со сопствен парк од 6.500 м² и 1.200 зимзелени дрвја, цветен рај и чудесен отворен поглед од каде Скопје се гледа како на дланка, резиденцијалната вила Адора во Црниче, под падините на Водно, нуди релаксирано домување надвор од градскиот хаос, на дофат на урбаното јадро на метрополата.

Во атрактивната вила Адора можете веднаш да се вселите во модерни комплетно опремени станови со имотен лист, со сопствен паркинг простор, од каде секојдневно лесно ќе функционирате во градскиот живот на Скопје.

Ова место над црквата Света Петка, има идеални услови за прошетки во природа, чист воздух и температури кои се за 10 ˚C пониски од летните жештини во Скопје, за рекреација и одмор, толку потребно за здрав живот во денешната стресна динамика.

Резиденцијалната вила на водечкиот бренд за квалитетна градба Адора инженеринг во Црниче нуди ретка можност во Скопје за живот по светскиот тренд како спој на урбаниот, здрав и релаксиран стил на домување.

Поврзани новости