Во Тетово пристигнаа петте автобуси кои градот ги набави преку кредит од Светската банка со цел да овозможи јавен превоз на патници во рамки на оштинските граници. Беше извршено примопредавања од страна на фирмата добавувач до општина Тетово.
Градоначалничката Теута Арифи најави дека во Тетово и во скоро време ќе започне организиран градски автобуски превоз.
Министерот за финансии Фатмир Бесими кој присуствуваше на настанот истакна дека автобусите се земени со поволни услови за кредит од Светска Банка.
– За овој проект одобрени се 1 милион и 200 илјади евра со 13-годишна отплата со тригодишен грејс период и со три отсто каматна стапка, рече Бесими.
За да почне да функционира јавниот превоз, да се определат распоредот на возење и цените треба да одобри Советот на општина Тетово.
Автобусите се од марката на возила Исузу, прилагодени за влегување на лица со инвалидски колички, детски колички и луѓе со потешкотии во движењето.