Навални приведен на московскиот аеродром веднаш штом го покажал пасошот

by fokus

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални приведен е вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошката контрола по враќањето од Германија, соопшти Федералната служба за извршување казни и неговиот адвокат.

Навални за прв пат се враќа во Русија откако наводно беше отруен минатото лето. Според Ројтерс, Навални бил приведен откако на полицијата и го покажал пасошот пред формаллниот влез во Русија. На неговата сопруга, неговиот портпарол и адвокат им е овозможено да влезат во Русија.

И покрај предупредувањето дека ќе биде затворен, тој денеска полета од Берлин, каде каде му беше укажана лекарска помош откако во август минатата година беше отруен со нервен агенс „Новичок“.

Претходно, официјална Москва го предупреди Навални дека ако до 30 декември не се врати во Русија, ќе биде уапсен бидејќи не ги испочитувал обврските за условните казни.

Навални има две условни казни по пет години за случаите „Кировлеса“ и за „Ив Роше“. Во првиот случај е обвинет за проневера од над 16 милиони рубљи (околу 180.206 евра), а за вториот за проневерени повеќе од 30 милиони рубљи (околу 337.886).

Поврзани новости