Тетово ги зближи, ДУИ ги спои Беса и ВМРО

Зошто партијата на Касами го иницирала контактот со опозицијата за уривање на владата?

by Фокус

Иницијативата за уривање на владата потекнала од довчерашниот владин партнер Беса, но тоа не било дел од договорот за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за партискиот лидер Биљал Касами во битката за градоначалник на Тетово, тврдат извори од партијата на Христијан Мицкоски.

– Го поддржавме Касами против ДУИ. Во тие рамки, разговаравме за одредени позиции и кадровски именувања во локалната самоуправа, но не стана збор за уривање на владата после локалните избори – вели за Фокус функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак, тој посочува дека иницијативата за ново парламентарно мнозинство потекнало токму од Беса, од каде, пак, велат дека биле револтирани од лошото однесување од страна ДУИ, кое, како што додаваат, било аминувано и од водечкиот владин партнер – СДСМ.

-Приговорите на ДУИ до ДИК за Желино беа само капка што ја прели чашата. Ние толку време бевме во владата, а не го заокруживме ниту договорот за кадровски именувања и вработувања. Секогаш кога ќе се отвореа некои теми, СДСМ се вадеше на ДУИ дека не дозволува – вели претставник на Беса.

Според него, во пониските ешалони во власта се уште има директори именувани во времето пред ланските парламентарни избори како кадри на Алтернатива, која после овие избори отиде во опозиција, но сега повторно размислува и расправа за влез во власта.

Утре попладне Заев и Гаши ќе го договараат новот мнозинство

В.С.

Поврзани новости