Утре попладне Заев и Гаши ќе го договараат новото мнозинство

by fokus

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев утре ќе се сретне со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши на која треба да се разговара за можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата.

Како што потврдија од СДСМ , средбата треба да се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници.

Шефот на дипломатијата и висок функционер во ДУИ, Бујар Османи денеска изјави дека „новото стабилно мнозинство во Парламентот е неспорно“ и оти тоа ќе биде објавено веќе наредната недела.

– Новото стабилно мнозинство е апсолутно неспорно и тоа ќе се случи наредните недели. Патот до тоа ново мнозинство е алтернативи, има неколку опции до тоа ново мнозинство и во моментот се случуваат тие разговори и преговори за постигнување на тоа мнозинство.  Очекуваме да завршат тие разговори и верувам дека наредната недела веќе ќе имаме стабилно мнозинство кое што ќе почне да се занимава со предизвиците и можностите што ги има Владата, рече Османи.

Поврзани новости