673
Сообраќајна несреќа се случила на 4-ти август, откако 26-годишен жител на Тетово, управувајќи го својот автомобил „Киа рио“, излетал од патот пред влезот на селото Шипковица, пренесуваат од МВР.
„На 04.08.2018 година во 20.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово, пред влезот за с.Шипковица, патничко возило „Киа рио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р. (26) од Тетово, излетало од патот. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.Р. кој со друго возило бил пренесен во Клиничката болница-Тетово и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.