Директорот на Дирекцијата за спасување порача: Дај умрете веќе еднаш!

by fokus 13:58
13:58

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, испрати морбидна порака преку својот твитер профил, без да нагласи на кого му ја упатува пораката.

„Па дај умрете веќе еднаш јбг…! Само ако умрете оваа сирота земја ќе може да преживее..“, порача директорот.

- Advertisements -

По се изгледа дека овие зборови се насочени кон опозицијата, затоа што претходните твитови на Џафероски се со остра критика на опонентите на неговата партија. Изминативе денови тој неколку твитови му посвети на претседателот, кого го осуди поради говорот на Илинден. ВМРО-ДМНЕ ја нарекува фашистичка, а говорот на Иванов, фашистичко сценарио.

 

Поврзани новости