809
Драги Дилберов, тетин на сопругата на премиерот, Боркица Груевска, денеска беше избран за претседател на Основниот суд во Гевгелија. Ова е првпат за претседател да се избере судија кој има уште година и шест месеци до пензија, бидејќи претседателскиот мандат трае 4 години.
-Не можеме на ниту еден судија да му забраниме да се кандидира, а немам информации дека Драги Дилберов и е роднина на сопругата на премиерот, изјави претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски.
Изборот за претседател на Основниот суд во Гевгелија, тој го оцени како транспарентен.