Средношколскиот пленум собира потписи за поддршка и на улица Македонија

by Фокус 10:14
10:14

Средношколскиот пленум отвора нов штанд за потпишување на петиција за поддршка на барањата на средошколците на улица Македонија. Штандот ќе биде отворен од 12 до 19 часот.

За два дена, како што информираат од Пленумот, се  собрани 3.567 потписи поткрепени со рачен потпис и број на лична карта, и истот број расте со секој изминат момент.

- Advertisements -

– Апелираме до секој совесен граѓанин да дојде и да ја искаже својата поддршка во паркот спроти МОН (Министерство за образование и наука) или на улица Македонија со цел да бидеме поблиску до отстварување на нашите јасно веќе оддамна поднесени барања – велат од Средношколскиот пленум.

 

Поврзани новости