И професионалните војници се заканија со кампување

by Фокус

Доколку државата наскоро не им го реши статусот на професионалните војници постари од 35 години, тие ќе кампуваат пред Министерството за одбрана. Тие денеска излегоа уште еднаш да го кажат нивното барање, но велат дека ова е последен пат на ваков начин да бараат решавање на нивниот статус.

-Нема да остапиме во намерите и ќе бидеме се поостри и поконкретни. Доколку има потреба ќе доаѓаме овде секој ден со нашите семејства или ќе поставиме шатори и ќе кампуваме, се додека не се реши нашето прашање, изјави Марјанчо Гурбански, координатор на отпуштените војници постари од 35 години.

Професионалните војници велат дека на нивно место се вработени лица кои по ниту една основа не го заслужуваат работното место. Порачаа дека нема да дозволат државата да си поигрува со нивните судбини.

Поврзани новости