Тешко повреден стружанец откако во него удрил глисер

by Fokus

Вчера попладне 60-годишен стружанец бил тешко повреден, откако во водите на Охридското Езеро бил удрен од глисер, управуван од жител на Франгово.

„На 31.07.2019 година околу 18 часот во Полициска станица Струга пријавено било дека во водите на Охридското Езеро, кај месноста викана „Машка плажа“, од глисер управуван од Б.Л. (43) од с.Франгово, струшко повреден е С.Ч. (60) од Струга. Истиот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, истакнаа од МВР.

Поврзани новости