Тешко повреден гостиварец, со моторот излетал од патот

by Fokus

Вчера (24 март) во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Седек Костовски“ во Гостивар мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 49-годишниот Л.Л. од гостиварско Чајле излетал од коловозот.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од гостиварското Одделение за внатрешни работи.

Поврзани новости