Трифонов за бугарската помош на Македонија: Кога вашата куќа гори не треба да ја гасите таа на соседот!

by fokus

“Одлично е што ѝ помагаме на Северна Македонија и така треба, но до што води ова? Кај нас нема доволно пожарникари и со пожарите треба да се справуваат службите за горско спасување“.

Ова на фејсбук го напиша лидерот на „Има таков народ“, партијата која освои најмногу гласови на повторените парламентарни избори во Бугарија, Слави Трифонов, кој потенцира не се согласува со одлуката на бугарската влада да испрати помош во Македонија за справување со пожарите.

Тој вели дека е добро што Бугарија ѝ помага на Македонија, но нагласува дека земјата нема доволно капацитети да се справи со пожарите дома.

„Прекрасно е да се биде солидарен, добар и да се помага. Но, јас не мислам дека кога во исто време вашата куќа и куќата на вашиот сосед се во пламен не треба да одите и да ја гасите куќата на соседот”,
напиша Трифонов.

Поврзани новости