Тешка несреќа во Србија: дете излетало од превртена кола и загинало

by irena 18:39
18:39

Петнаесетгодишно момче загина рано утринава во тешка сообраќајна несреќа на планината Голија во Србија, откако автомобилот во кој се превезувало се превртел, објави српскиот весник „Данас“.

Според неофицијални информации, малолетникот излетал од возилото при превртувањето и им подлегнал на повредите.

Во автомобилот се наоѓале уште три лица. Едно од нив се здобило со тешки телесни повреди, додека засега нема информации за состојбата на останатите патници.

Причините за несреќата сè уште не се утврдени. Според првичните информации, во сообраќајката учествувало само едно возило. Загинатото момче било од Нови Пазар.

Полициски екипи и пожарникари-спасувачи и натаму се на терен, а увидот за утврдување на околностите под кои се случила несреќата е во тек.

Поради трагичниот настан, организаторите ја откажаа традиционалната манифестација „Од Голија оро се вие“, која секоја година се одржува со цел промоција на културното наследство, традицијата и обичаите на Голија и овој дел од Србија.

Слични вести