Трамп: Доколку Самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувам

by irena 19:35
19:35

Американскиот претседател Доналд Трамп по пристигнувањето во Анкара за Самитот на НАТО упати остри критики кон Алијансата, оценувајќи дека сојузниците не им дале доволна поддршка на Соединетите Американски Држави во нивните акции против Иран.

Во изјава за медиумите, Трамп рече дека е разочаран од односот на сојузниците, посочувајќи дека САД со години вложуваат огромни средства во безбедноста на земјите-членки на НАТО.

„Ќе видиме. Бев многу разочаран од НАТО. Искрено, ако самитот не се одржуваше во Турција, каде што мојот пријател е многу силен лидер, можеби немаше ни да присуствувам. Вложивме билиони долари за да ги браниме Европа, Канада и другите земји. Очекувавме тие да бидат подготвени да ни помогнат, но тоа не се случи“, изјави Трамп.

Осврнувајќи се на војната во Украина, американскиот претседател рече дека неодамна имал „многу добар разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин и изрази оптимизам дека конфликтот би можел наскоро да заврши.

„Мислам дека ќе го решиме. Се надевам дека ќе има решение многу наскоро“, рече Трамп.

Во рамки на самитот, за среда е најавена и средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, на која се очекува главна тема да биде војната во Украина и можностите за нејзино завршување.

Слични вести