Терористот од Нов Зеланд, Тарант, престојувал во Грција

by fokus

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови Крит и Санторини, и дека два пати поминал низ Грција.

Во март, во 2016 година, Тарант дошол во Грција од Истанбул и поминал неколку дена на Крит, во местото Хераклион и на островот Санторини.

Тарант, истотака, според наводите на полицијата, поминал транзитно низ Грција истатата година на 29 ноември и 10 декември.

Полицијата ги истражува сите телефонски повици што Тарант ги остварил додека престојувал во Грција.

Терористот од Нов Зеланд прошетал голем дел од Европа, а од она што засега е познато освен во Грција, од балканските земји престојувал и во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија. Властите од Унгарија и Турција исто потврдија дека Тарант бил во овие земји помеѓу 2016 и 2018 година.

Во нападот во двете џамии во Крајстчерч во петокот беа убиени 50 лица, а повеќе од 30 се повредени.

Поврзани новости