309
Терористички напад се случи денеска во Анкара, кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на Министерството за внатрешни работи.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека „еден терорист се разнел, а другиот е неутрализиран“ во терористичкиот напад врз седиштето на турската национална полиција во главниот град Анкара.
Јерликаја во објава на социјалните мрежи изјави дека „терористите“ со лесно комерцијално возило се приближиле до влезот на зградата и дека еден од нив се разнел.
Тој додаде дека другиот бил „неутрализиран“ во престрелката со полицијата која следела, во која двајца полицајци исто така биле полесно ранети.
Фото: Профимедиа