Терористички акт

by Фокус

Не сум гневна. Ни засекирана. Ни вознемирена. Сите што ме знаат, знаат дека сум весела, понекогаш навистина замислена, но не особено вознемирена. Во моментов мислам дека сум само – реална.

Доста се криеме зад легислативата. Ова не се легислативци. Ова се терористи ПИКНАТИ во највисоките државни органи!!

Јас лично еднаш напишав книга против клиенталистичките односи што ја хранеле комунистичка Македонија. Но, сите тие автори ги сакам, ги читам, ги предавам, ги преведувам, живеам со нив. Тоа е дел од науката. И про и контра е дел од нашата наука. Но, овие сакаат ДРУГО! ОВИЕ сакаат КРАЈ на сето тоа!

Јас тоа не сакам да го видам. Не може да го поднесам. Тие автори ги сакам како дел од лектирата што моето дете ја чита, јас ја читам, моите студенти ја читаат. Ова не е тоа за што зборувавме еднаш. Ние сметавме дека имаме држава во рамките на која, како цел нормален свет – ќе разговараме. Ќе отвораме теми.

Не, не сме ја имале. Не сме имале услови. Зборував за индивидуалните неправди. Секој ситем ги има. Мислев од тоа да учиме. Не сме имале капацитет. Овој Закон подразбира БРИШЕЊЕ НА СЕТО ШТО ПОСТОЕЛО! ОВИЕ сакаат крај на се’. На сите нас. На сиот наш соживот.

Со Законот ЦЕЛОСНО се нивелираат децении работење на СИТЕ школи/институти/универитети на сите релевантни чинители на високото образование во Република Македонија! Со сите национални и етнички чинители! Не’ тераат да потпишеме пакт ПРОТИВ сета цивилизациска придобивка на нашата држава! Ова е анти- државно, не само противуставно! Искрено, не може да стојам зад сето тоа. Па и да ми е опцијата – емиграција.

Иако, освен за Рацин, Караманов, Конески, Шопов, Старова, како и неколкумина помлади автори немам пишувано премногу, сепак… не можам да се согласам сопствената држава да ја видам НА КОЛЕНА!!

Половина од ПП во моментов имаат понуди да ја хранат американската/европските академии. Децава на твитер, фејсбук секој ден баш ТОА го пишуваат. Не е тоа ПАКТ. Тоа е предавство и срам!

Делам кабинет со цимер од Катедрата за албански јазик и книжевност. Што сакате да уништите бе ВОЛОВИ? За сиот импакт фактор се произнесовме! Во моментов, ниту мојот цимер, ниту јас пишуваме на македонски — трагедијата да е поглема И ДВАЈЦАТА ПИШУВАМЕ НА НЕМАЈЧИН ЈАЗИК – јас конкретно на англиски студија за Агамбен и неговата политичка теологија. Да за тупо импакт фактор списание од Калифорнија! Дури и пред да знам дека Законот ќе стапи на сила. Оти мене ете Агамбен заедно со Кјеркегор ми бил битен, а тие мислеле дека имам што да кажам. Нам тие текстови (МОН — ШТО НЕ ЧИТАТЕ!!!) ни ги нарачуваат по три години однапред. Мојата студија на англиски ќе биде објавена (ако биде) дури на крајот на 2016. Така тоа иде. Не заради Законот. Туку, затоа што така работиме. И сме работеле. Ама вие покондирени, одеднаш смисливте нешто.

Таму ли МОН не’ сакате? Во странство ли не’ сакате? Ете, лично ќе ви кажам; мене веќе ништо не ме врзува за оваа земја. Сакате ли сите да си одиме? Мојот цимер цела година беше во Канада. Не сакаме баш тука да ви се точкаме. А, вие наместо да не држите, ни велите дека ќе не бркате. Срам да ви е бе!!! Арам да ви е! Прашувам отворено: што ќе остане од Конески, Славко, Анте, Ѓузел, Старова, Шабани, Зекирија, Рацин, Крчоски, Џинот, Св. Климент и Св. Наум, Петре, Жинзифов, Илин, Црноризец…. од сите сите сите… Имате ли претстава што правите, МОН?Каде ви е акалот? Кој ебен импакт фактор ОВИЕ АВТОРИ ќе ви ги разбере?? Сакате да пишуваме за Емерсон? Ќе пишуваме. Ама за Зекирија и за Анте Поповски кој ќе ви пишува? Што ви е???

Ваков тероризам во високото образование на Република Македонија НИТИ ЗНАЕМЕ НИТ СМЕ ВИДЕЛЕ, НИТ СМЕ ПОСВЕДОЧИЛЕ!

Ова не е Закон, ова е терористички акт!

*** Текстов не е мој, ама го потпишувам. Со две раце.

 Гордана Попсимонова, универзитетски професор

Поврзани новости