Макрон од Загреб најави повеќе работа со Македонија и Бугарија

by Fokus

Во текот на посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Хрватска, најави поголем ангажман на Франција и Европската Унија во регионот на Западен Балкан. На попладневната прес конференција Макрон рече дека во Софија не рекле дека се против проширувањето. Кажа дека според него, Западен Балкан има европска визија, како што рече „европски пат“ и во таа смисла ги засилуваат врските со земјите од регионот.

-Во Софија сакавме да запреме со бирократската ситуација. Сакавме да кажеме дека треба да се решат проблемите. Ние за време на Хрватското претседателство од тој процес повеќе направивме политички процес. Постојат проблеми во некои од земјите на Западен Балкан. Меѓутоа, можевме да напоменеме дека постојат проблеми во сите тие земји. И она што ќе го направиме во следните месеци, тоа е дека навистина ќе се обидеме да направиме повеќе, со цел да ја стабилизираме ситуацијата меѓу Бугарија и Северна Македонија. Како и да инсистираме во Босна и Херцеговина да се изврши реформа на изборниот закон, со цел да можат да се испочитуваат сите конститутивни народи. И знаеме дека постојат тензии меѓу Белград и Приштина. Тоа се некои од тие теми, рече Макрон во Загреб.

Како што кажа Макрон, визијата на Франција е дека тука треба да се изгради простор на мир, стабилност и соработка. Укажа и на лошото влијание, на како што рече „надворешни сили“.

-Визијата е да се засили протокот на луѓе. Сакаме од тој простор да направиме вистински европски простор. Денеска сме дестабилизирани од надворешни сили, кои се обидуваат повторно да ги оживеат етнички поделби, поделбата меѓу тие народи. Франција потполно е народите на Западен Балкан, изјави францускиот претседател.

Емануел Макрон е во прва официјална посета на Хрватска. Од Франција Хрватска набавува воени авиони, а за возврат од Макрон очекува поддршка за влез во Шенген зоната и еврозоната.

Поврзани новости