937
Две приведени лица и повредени полицајци е епилогот од тепачките што се случувале синоќа еден час по полноќ во манастирскиот комплекс во село Лешок.
Прво се степале седумнаесетгодишник од Тетово, од една страна и уште едно лице од друга страна. По кратко време пак се степале, од една страна седумнаесетгодишникот и уште едно лице и други две непознати лица од друга страна.
При интервенцијата со повреди се здобиле и полициски службеници од Полициското одделение Теарце. Приведени се две лица С.Д.(20) и 17 годишник, и двајцата од Тетово.
За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.